ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 19 до 25 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса, и ќе предизвика сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Во западните делови ќе имa услови за ретка појава на краткотраен дожд во четврток.
Facebook Коментари