Зошто е добро да јадеме зелка?

- Здравје
1303

Сто грама сирова зелка содржи дури 42мг витаминот Ц. Друштво му прави А и фолната киселина, минерали, железо, магнезиум, фосфор, калциум, калиум и натриум.
Постојат повеќе видови на зелки, а најпозната е белата и црвената зелка.
За зелка со највеќе придобивки се смета црвената зелка, која е седум пати полековита од белата, а нејзината боја покажува за присуството на лековитите споеви на антоцијанин.
Зелка – ефтин лек против многу мачнини.
Најдобро е зелката да се јаде сирова или кратко сварена, домашна или еколошки одгледувана зелка.
Сировата зелка ако се јаде често, помага за слабокрвност, несоница, депресија и анкциозност.

Сварената зелка е одлична за пролеттна детоксикација, и е една од најдобрите лекови против живчана напнатост, тегоби, и слаба концентрација.
Зелката обилува со антиканцероген спој на синигрином, кој ги поседува единствените својства против ракот на простатата, и цревата. Помага и во борба против артритисот и реумата.
Кај болестите поврзани со белите дробови најделотворен е сокот од зелката помешан со мед.
Таа ги чисти дишните патишта, помага кај астмата, и бронхитисот.
Кај болестите поврзани со грлото најдобро е да се прави гргара со сок од зелка.

Заклучок ако сакате да бидете здрави, а посебно да имате здрав желудник јадете зелка и пијте сок од зелка бидејќи исто така го намалува создавањето на желуднична киселина.

Facebook Коментари