45 лица во Охрид и 8 во Струга казнети поради неносење маски

- Македонија
378
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 71 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-45, Струга-08, Кичево-15, Дебар-03). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 95 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-34, Струга-33, Кичево-28). Во овој период, во Струга, регистрирани се 04 прекршување на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел  спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. Против овие лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари