Денеска во Кабинетот на претседателот Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност , а главна тема ќе биде состојбата со корона-вурост во земјава.
Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Д-р Венко Филипче.
– На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Strugaonline
Facebook Коментари