Во Струга пристигнаа 400 вакцини, имунизацијата ќе започне во петок

- Локални
831

Вакцинацијата за лица постари од 77 години со вакцини против ковид 19 од производителот ,,Астра Зенека“ во Струга ќе започне во петок.

Директорот на Здравствен дом Струга , Г-дин Андон Ложанкоски за Strugaonline информираше дека во Струга пристигнаа 400 вакцини.

За вакцинирање се ангажирани два тима кои ќе работат само  прва смена.

Имунизацијата ќе се врши во просториите на Здравствен дом-Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари