Време-Облачно со повремени врнежи од дожд

- Македонија
1077

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 22 степени.  Утре ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час). Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари