Се соочуваме со пикот на досега веројатно најсилниот бран. На голем број пациенти им е потребна соодветна здравствена заштита, за што имаме секојдневна координација и комуникација со директорите на сите болници во државата, изјави министерот за здравство Венко Филипче при работната посета на болниците во Прилеп и во Битола.
– Има сосема доволен број болнички кревети, секој пациент ќе ја добие потребната здравствена заштита. Системот на модуларни болници опфаќа 19 објекти во 16 општини, во Битола 3, што го прави битолското ковид-одделение најголемо во државата за да одговори на потребите согласно бројот на жители, граѓани, пациенти од целиот регион кои се лекуваат во оваа болница, позната и по историјата и по експертизата од многу области – изјави министерот.
За процесот на вакцинација против Ковид-19, министерот рече дека како во Битола така и во останатите градови низ државата процесот се одвива добро, никаде нема посериозни проблеми. 4.000 вакцини од „Астра зенека“, од пратката од 24.000 од КОВАКС-механизмот ќе бидат распоредени за постарите категории граѓани, а од понеделник почнува вакцинацијата на вработените во критичната инфраструктура, МВР, АРМ, останати служби кои секојдневно се изложени на контакти со граѓани, новинарите, и таа за почеток ќе се спроведува во А1 Арената „СЦ Борис Трајковски“.
Целиот текст можете да го прочиатате на следниов ЛИНК
Извор: факултети.мк
Facebook Коментари