Струга ќе добие три пристаништа до крајот на годинава

Струга треба да добие три пристаништа до крајот на годинава, со што ќе започне да се реализира долго најавуваната идеја за воспоставување бродска линија меѓу Струга, Охрид и Поградец во соседна Албанија. Пред почетокот на летната сезона, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за ДВ најавил дека е во план збогатување на понудата на градот и негово поврзување со Поградец. Со тоа ќе се збогати туристичката понуда на регионот, а ќе се реализира и проектот кој со години наназад се најавуваше во јавноста.
Струшкиот градоначалник изнесува детали за проектот, со кој е предвидена набавка на еко-бродови, а ги открива и локациите на коишто е во план да се градат пристаништа во Струга.
Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК
Извор: DW

