Алкохолот е директна врска за развој на повеќе видови на рак

- Здравје
1274

Во 2010 година научниците докажаа дека пиењето на пиво во големи количини може да го забрза развојот на ракот на дебелото црево. Во 2011 и 2013 година тие ја открија врската помеѓу алкохолни пијалоци и ракот на дојката. Други студии покажаа дека комбинацијата на цигари со алкохол го продлабочува канцерогениот ефект. Џени Конор од Универзитетот Отаго Нов Зеланд ги обединила и систематизирала резултатите од последните истражувања. Целта била да утврди дали навистина има директна врска меѓу пиењето и развојот на ракот. Обединувајќи ги резултатите од околу 30 научни публикации, Конор дојде до заклучок дека алкохолот е поврзан со најмалку седум различни видови на рак, вклучувајќи на дојка, на грлото, на црниот дроб, на хранопроводникот, на дебелото црево и др.

Консумирањето алкохол доведува до развој на рак на дојка и други шест вида тумори, убивајќи околу 500 000 луѓе годишно или предизвикува 6% од сите смртни случаи од рак, предупредуваат научниците. Во последните 10 години беа направени неколку десетици истражувања кои ја открија врската помеѓу употребата на алкохол и развојот на рак на голем број човечки органи.

Ова важи особено во случаите кога човек пие количини поголеми од 50 грама дневно. Научниците истакнуваат дека проблемот не влијае само луѓето зависници од чашката – „шансите“ да се разболат од онколошки заболувања се зголемуваат дури кај оние луѓе кои пијат умерено и не употребуваат ништо посилно од вино и пиво.

Facebook Коментари