Морков, здрава храна и превентива за многу болести

- Здравје
1145

Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, бидејќи содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Морковот има изразено антимикробно (антибиотско) дејство. Интересно е дека денес постои морков со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова… Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот. Најчесто се користи коренот, но може да се користат и листовите од морковот, но претходно сварени.

Сите нутриционисти ќе се сложат со тврдењата дека морковот е многу здрав. Богат е со витамин А,К и Б8, калиум, бакар, магнезиум и железо. Меѓутоа големите својства што ги има морковот потекнуваат од неговото богатство на бета каротен и влакна.

Свежиот морков може да се купи во текот на целата година, не е скап, а можете да го јадете свеж, а и како додаток во исхраната.

Еве на кој начин јадењето морков еднаш дневно влијае на вашето здравје.

1. Го подобрува видот
2. Штити од рак
3. Спречува развој на кардиоваскуларни заболувања
4. Влијае позитивно на вашето орално здравје
5. Го штити здравјето на црниот дроб
6. Ја чува кожата
7. Го подобрува варењето
8. Штити од мозочен удар
9. Го регулира нивото на шеќер во крвта
10.Ги одложува знаците на стареење

Морковот се користи суров како салата, варен во супи или јадења со месо, или како додаток во други јадења. Содржи малку калории и многу корисни состојки.

Facebook Коментари