Филипче: Вакцинацијата се одвива непречено, вчера вкупно се вакцинирале 11.646 граѓани

- Македонија
451
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.-информира министерот Венко Филипче.
Вкупно се аплицирани 244.518 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.505 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 11.646 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.561граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 390.330 граѓани.
Со последните бројки 44,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Со последните бројки 37 % од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
Министерот Филипче апелира сите граѓани да се пријават  на web платформата vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.
Strugaonline

Facebook Коментари