Во Струга се одржа првата ,,Трка на поезијата“, ова се победниците

Под мотото ,,Трчаме, рецитираме“ денеска во Струга се одржа првото издание на спортската манифестација ,,Трка на поезијата“. Звучни имиња од светот на спортот од земјава и регионот учествуваа на трката од 10 километри, а на пет километри се натпреваруваа рекреативци. Победник во машка конкуренција во трката на 10 км е Милош Ранчиќ, вицешампионската позиција ја освои Миомир Алексовски, а трет беше Александар Караџиев.

Во женска конкуренција, најдобра беше Билјана Караџиева, второ место освои Весна Караџиева, а трета беше Сандра Арсовска.
Во трката на 5 км во машка конкуренција победи Христијан Ивановски, втор беше Атанас Епов, а третото место го освои Грегоријан Никовски.
Во женска конкуренција победи Николина Милевска Вељановска, второ место освои Екатерина Кукоска, а трета беше Славица Игнатовска.
Strugaonline
фото: Сотир Настоски

