Започнуваат уписите во средно образование, Директорката на Гимназијата „Др. Ибрахим Темо“ со мотивациска порака до учениците

- Локални
1360

На 14-ти јуни започнуваат уписите во средно образование.

Директорката на  Гимназијата „Др. Ибрахим Темо“ во Струга,Г-ѓа Бесиме Јонузи,  ги повикува сите ученици кои сега треба да го започнат своето средно образование, да се запишат во Гимназијата која што, како што вели, нуди квалитетно образование и напредок на секоја индивидуа во образовниот процес.

,,Направете вистински избор, запишете се во Гимназија „Др. Ибрахим Темо“ Струга.  Гимназијата „Др. Ибрахим Темо“ е училиште кое ги отвора вратите кон иднината, училиште кое нуди можност да бидете сами и да се пронајдете себеси преку едукација и истражување. Пријавувањата започнуваат. Нашето училиште е лидер во квалитетот и посветеноста на вработените, развива и воспоставува отворена комуникација помеѓу наставниците, учениците, родителите и локалната заедница, создава пријатно опкружување во кое се изучуваат сите предмети и создава можности за максимален развој според индивидуалните потенцијали на секој ученик. “-вели директорката на Гимназијата, Г-ѓа Бесиме Јонузи.

Потребни документи: – Свидетелства од IV до IX одделение – Извод од матична книга на родените – Дипломи за освоени награди на државни и меѓународни натпревари – Пополнета пријава.  Јунски уписен рок • Прво пријавување – 14 јуни 2021 од 12:00 до 19:00 часот – 15 и 16 јуни 2021 од 7:00 до 19:00 часот – 17 јуни 2021 од 7:00 до 15:00 часот

Резултатите од запишувањето на учениците ќе бидат објавени на 17 јуни од 16:00 до 19:00 часот .  Второ пријавување – 23 и 24 јуни 2021 од 7:00 до 19:00 часот – 25 јуни 2021 година од 7:00 до 15:00 часот • Третo пријавување – 30 јуни 2021 година од 7:00 до 19:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари