Во рамките на проектот ,,Низ женски леќи-покревање на политики и буџетски ииницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, Општина Струга организира онлајн форум.

Првата сесија ќе се одржи на 07.06.2021 во период од 12:00-14:00 на тема- Дефинирање проблеми и предизвици.
За учество на форумот регистрирајте се на овој ЛИНК, каде по пополнувањето на краткиот прашалник на меил адресата кој сте ја запишале ќе ви биде испратен линк за првата сесија. На денот на сесијата со кликнување на линкот ќе бидете директно вклучени на Форумот.
Општина Струга форумот го организира во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип.
Strugaonline
Facebook Коментари