Денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е појава на град. УВ=5. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 30 степени. Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови. УВ=6. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 28 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари