Мини Саем на книгa на 23-ти јуни во Струга

- Локални
607

Во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ и издавачките куќи Матица Македонска и Нобел од Тетово, на 23.06.2021г.(среда), со почеток од 11:00 часот, во Паркот на поезијата, пред градската библиотека во Струга, ќе се одржи Мини Саем на книгата, каде што сите љубители на пишаниот збор ќе можат да си ги набават омилените бестселери по саемски цени.
Овај настан е финансиски помогнат од Министерството за култура на РСМ, а неговото одржување е во знакот на патрониот празник на Националната установата „Браќа Миладиновци“ – Струга, а тоа е 24-ти јуни Годишнина од излегувањето на Зборникот на Браќата Миладиновци.
Воедно покрај Мини саемот, по повод патрониот празник на 23-ти јуни ќе се одржат бројни настани на Летната сцена при Центарот.

Strugaonline

Facebook Коментари