Во текот на последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, при што се регистрирани 3 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство.
• Скопје 3
Пријавени се две починати лица: од Скопје (76 години) и Куманово (75 години).
Регистрирани се 15 оздравени пациенти од:
• Скопје 6
• Прилеп, Битола и Кичево по 2
• Тетово, Неготино и Виница по 1
Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.
Facebook Коментари