Поради миграција во нов систем, од вечерва до недела МВР нема да издава лични документи

- Македонија
663

Од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, ги информираат граѓаните дека поради миграција во нов систем, од вечерва, од 21:00 часот, заклучно со недела, 27-ми јуни 2021 година, до 21:00 часот, нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола).

– Од тие причини се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во итна постапка во деновите 23-ти, 24-ти и 25-ти јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22-ри јуни 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23-ти јуни 2021 година, до 12:00 часот. Граѓаните кои имаат закажан термин за 23-ти, 24-ти и 25-ти јуни 2021 година, во редовна постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28-ми јуни заклучно со 2-ри јули 2021 година. Граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23-ти јуни 2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24-ти и 25-ти јуни нема да биде овозможено издавање на истите, информираат од МВР.

Facebook Коментари