Општина Струга се збратими со Општина Гемлик

- Локални
770
После состанокот во Општина Струга со претставници од секторот за образование и наука од Општина Гемлик – Бурса, вчера во Гемлик, Република Турција се официјализираше соработката помеѓу Општина Струга, ЈОУДГ “8 Март”, ООУ “Браќа Миладиновци”, СОУ “Нико Нестор” и СОУ “Др. Ибрахим Темо” со Општината и соодветните градинки и училишта во Гемлик.
,,Со потпишување на Меморандум за соработка, ќе се реализираат заеднички проекти за подобрување на образованието и условите во градинките и училиштата. Од досегашното искуство, збратимување со различни општини носи позитивни исходи затоа и од оваа соработка ќе се потрудиме да го извлечеме најдоброто.“-велат од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари