10 нови случаи на ковид 19, 3 починати, 17 оздравени пациенти

- Македонија
404

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје и Куманово – по 2, Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по 1.

Регистрирани се 17 оздравени пациенти од:
Скопје – 5, Куманово – 4, Прилеп – 3, Тетово – 2, Струмица, Кичево и Радовиш – по 1.

Регистрирани се 3 починати лица од: Крива Паланка (76г), Дебар (69г) и Кичево (65г).
Сите пријавени се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 863.994 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари