Лука Симоноски од Струга и Марко Зафиров освоија ист број на бодови во финалето на државнoто првенство во шах што се играше денеска во Струга. Според Бергеровиот систем Марко Зафиров е на прво, а Лука Симоноски е на второ место. На трето место во оваа У8 категорија во машка конкуренција заврши Матеј Диванисов.
Младиот и талентиран стружанец Лука Симоноски на ова државно првенство одигра осум партии, а на седум од нив беше победник.
Лука започнал да игра шах пред неполни две години, а веќе постигнува големи успеси.
Strugaonline
Facebook Коментари