На 26-ти јуни во 20:00 часот ќе се одржи 19-тото издание на Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC), истиот е огрганизиран онлајн, поради состојбата со пандемијата.
Од вкупно 1.350 ученици, 24 ученици се пласираа во финалето, тие ќе се натпреваруваат за прво место на натпреварот за песна “Colors of Voices”, кој ќе се емитува во сабота, 26 јуни во 20:00 часот по македонско време и истиот ќе може да се гледа на каналот на (IFLC) на YouTube.
Ученичката од 8-мо одделение на ПСУ „Јахја Кемал“ Дариа Милошеска се пласираше во финалето со песната „Ако згрешам нека изгорам“. Дарија ќе ја покаже својата страст и ентузијазам кон музиката , се надева дека ќе биде прва и ќе ја направи својата земја горда.
Покрај стручното жири, љубителите на уметноста ќе можат да гласаат за кандидатот кој што им е фаворит преку линкот за гласање која ќе биде споделен по завршување на натпреварот.
Линкот ќе остане отворен приближно десет часа. Во овој период, оние кои сакаат да гласаат ќе можат да ги оценуваат учениците со 5 ѕвезди. Младите таленти ќе ги испеат своите последни песни на мајчин јазик и ќе носат автентична народна носија.
Strugaonline
Facebook Коментари