9 нови случаи на ковид 19, 13 оздравени, 3 починати

- Македонија
425

Во последните 24 часа се направени 3.239 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје  и Кичево – по 3, Битола, Штип и Дебар –  по 1.

Регистрирани се 13 оздравени пациенти од: Куманово – 4, Скопје – 3,  Виница – 2, Прилеп, Тетово, Штип и Кичево – по 1.

Регистрирани се 3 починати лица од: Две починати лица од Скопје (86г) и (70г) и едно починато лице од Тетово (65г). Сите пријавени се починати во болнички  услови.

Досега во земјата се направени вкупно 867.233 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.663, бројката на оздравени пациенти е 149.946, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 233.

Во Струга има 1 активен случај на ковид 19

 

Facebook Коментари