Филипче: Во наредниве две недели ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани

- Македонија
411

До 15-ти јули сите граѓани, околу 150 000 без разлика кога се пријавени ќе добијат термин за вакцинација , информираше дека министерот за здравство, Венко Филипче.

-Списокот е ревидиран, што значи без разлика кога се пријавиле граѓаните, почнувајќи од понеделник сите ќе добијат термин во период од две недели. Од понеделник во следните две недели ќе бидат вакцинирани и најмладите пријавени, но предност ќе имаат постарите. Кога ќе се истрошат сите термини со сите пријавени, пунктовите ќе бидат отворени, истакна министерот.

Денеска во земјава се очекува да пристигнат 100 000 дози вакцини од производителот Фајзер, а во недела во со два авиони ќе бидат донесени 500 000 дози кинески вакцини.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари