Денеска се врши теренска вакцинација во Ложани, Биџево и Ново Село

- Локални
553

Во тек е теренската вакцинација во руралните средини во охридско-струшкиот регион.

Согласно планот , во струшкиот регион денеска се вакцинираат жителите на Ложани, Биџево и Ново Село. Во охридскиот регион се врши теренска имунизација во селата Речица, Куратица, Завој, Плаќе и Свиништа. 

Минатата недела се имунизираше населението во општина Дебрца.

Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здравствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници.

Facebook Коментари