Министерство за здравство: Вакцинацијата се одвива непречено, вчера се вакцинираа 17.521 граѓани

- Македонија
582

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство (МЗ) на Република Македонија.

– Вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 305.804 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 17.521 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.976 граѓани. Со последните бројки 61% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 58% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. 53% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, а 43% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, додаваат од МЗ.

Facebook Коментари