Лев банер Десен банер

НП Водовод и канализација-Струга со апел сметките за вода да се плаќаат на време

Почитувани граѓани, Ве молиме сметките за вода да се плаќаат на време. Со навремената исплата на вашите обврски, не поддржувате во нашата работа и добивате квалитетна услуга. Фактурите можете да ги платите во канцелариите на јавното претпријатие, но и преку Интернет со кликнување на линкот www.uks.com.mk/product/fatura и пополнување на потребните податоци.
Исто така, ги замолуваме сите граѓани да не злоупотребуваат вода и да пријават каква било злоупотреба на вода, контактирајќи нè со порака во инбокс, во канцелариите на претпријатието или преку веб-страницата www.uks.com.mk и кликнете на Пријава за злоупотреба. – стои во соопшетнието од НП Водовод и канализација-Струга.
StrugaOnline

error: