Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори е продолжен до 12 август

- Македонија
537

Се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да се ангажираат во спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во својство на:

Реонски попишувачи и

реонски инструктори

дека јавниот конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори објавен во дневните весници: Нова Македонија, Вечер, Слободен печат и Коха на 20.7.2021 година, на Web страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk и во седиштата на комисиите на пописните реони, наместо до 05.08.2021 година ќе трае до 12.08.2021 година. Заинтересираните кандидати можат да достават електронска пријава која е достапна на Web страницата на ДЗС до 12.08.2021 година.

Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506 најдоцна до 16.08.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

Останите утврдени услови од претходно објавениот конкурс остануваат во сила.

Facebook Коментари