164 нови случа на ковид 19, Струга 3

- Македонија
601

Во текот на последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Тетово 60
• Скопје 34
• Гостивар 21
• Куманово и Битола по 8
• Струмица, Кичево и Дебар по 5
• Штип и Кочани по 4
• Прилеп и Струга по 3
• Берово 2
• Охрид и Пехчево по 1

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од:

• Скопје 7
• Тетово 6
• Куманово 4
• Кичево 1

Пријавени се три починати лица: две лица од Гостивар (68 и 86 години) и едно лице од Скопје (82 години).

Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.

Facebook Коментари