Министерство за здравство: Вакцинацијата се одвива непречено, вчера се вакцинираа 10.984 граѓани

- Македонија
513

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство (МЗ) на Република Македонија.

– Вкупно се аплицирани 932.603 дози вакцини, а ревакцинирани се 409.186 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 10.984 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.905 граѓани. Со последните бројки 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 62% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. 57% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, а 47% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, додаваат од МЗ.

Facebook Коментари