Лев банер Десен банер

На 29-ти август ќе се одржи манифестацијата ,,Брчески средби“

На ден 29.08.2021 година во дворот на манастирот ,,Свети Димитрија“ во Брчево,  ќе се одржи овогодинешното издание на манифестацијата ,,БРЧЕСКИ СРЕДБИ”.
,,За добро расположение на сите, оваа година ќе се погрижат нашиот Stand-up комичар Балтоски Богомир – Боге, потоа следува настап на културно уметничкото друштво Мислешево по што следувa настапот на нашиот Ангел Стојкоски, а посебен шмек на забавата ќе додаде Оркестарот со зурли и тапани од Вевчани. Сето ова ќе биде дополнето со брческа скара и пијалоци. Исто така оваа година целата заработка од продажбата на храна и пијалоци ќе легне на сметка на црквата, а средствата ке се се распределат соодветно за потреби на црквата и манастирот.“ – информираат од МЗ Брчево.
Од таму изразуваат благодарност до црковниот одбор од село Ташмаруништа кои и оваа година доброволно ќе работат на послуга на сите гости кои ќе присуствуваат на настанот.
Ценовникот на храната и пијалоците ке биде дополнително објавен како и времето на поаѓање на возилата на превозникот кој на 29-ти август ќе врши превоз до и од Брчево.
Организаторите апелираат да се избегнува палење оган на отворено по ливадите и околу манастирот, поради опасност од пожари.
Strugaonline

error: