Екипата на Тиквеш приреди вистинско изненадување со победата против Металург на струшкиот турнир. Кавадарчани славеа со 30:26 (12:12).
На крајот на првото полувреме беше израмнето (12:12) со што Тиквеш најави дека ќе се бори за победа.
Во второто полувреме Металург имаше постојано водство од два до три гола, но пресвртот дојде благодарение на извонредниот голман на Тиквеш, Александар Стојаноски, кој до крајот на забележа 18 одбрани. За десет минути, кавадарчани постигнаа осум гола, а примија само еден, и на крај славеа со 30:26.
Извор и фото: Strugaonline
Facebook Коментари