Пожар во автомобил во Мислешево, нема повредени

На 11.08.2021 година во 09.30 часот во ОВР Струга пријавен е пожар во автомобил „Форд Мондео“ во струшкото село Мислешево, сопственост на Т.Ш.(58) од истото село. Пожарот, во кој нема повредени лица е изгаснат од Територијалната против пожарна единица од Струга.
Извор: СВР Охрид

