Министерство за здравство: Вчера се вакцинираа 16.955 граѓани

- Македонија
666

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, информираат од Министерството за здравствo.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани. Со последните бројки 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 66% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. 62% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, а 53% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, додаваат од МЗ.

Facebook Коментари