Во тек се уписите за нови членови во Студио за танц ,,БАХ“-танцувајте со најдобрите

- Локални
656

Балетското студио ,,БАХ“ врши упис на нови членови

Уписите започнаа на 15-ти август, а ќе траат до 15-ти септември. Право да бидат дел ова танцово семејство имаат сите, од 6 до 66 години.

,,Изниматава година танцовите студија работеа според строги протоколи, на тој начин успеавме сите да останеме здрави. Среќна сум што имавме протокол кој овозможи да нема ниту еден заболен член од Студиото за танц ,,БАХ“. И оваа година ќе работиме на сигурен принцип со строго почитување на сите мерки и здравствени протоколи затоа што здравјето ни е на прво место.“ – изјави за Strugaonline Тања, кореограф и идеен творец на Балетското студио ,,БАХ“.

За успесите на ова балетско студио говорат многуте успешни проекти, концерти и награди на натпревари, таквите успесии ги имаа дури и оваа година, во време на пандемија.

Од БАХ напоменуваат дека после 15-ти септември нема да се вршат уписи, за да не се губи континуитет во работата на членовите кои веќе се запишале.

Од таму ги повикуваат сите љубители на танцот, да се запишат на време и да уживаат во креативната работа која ќе им овозможи напредок во танцот, како област од уметноста и културата.

Сите заинтересирани можат да се пријават на 078 447-530, на профилите на Балетското студио ,,БАХ“ на Facebook и Instagram или директно во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ секој работен ден oд 17:00 часот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари