Денеска во Охрид се одржува познатиот пливачки маратон

- Локални
741

По пауза од една година поради коронавирусот, денеска  се одржува традиционалниот Охридски пливачки маратон, кој е во серијата ултрамаратони на ФИНА.

Целта е на Охридското пристаниште, а се плива  патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри.

,,Големиот интерес за Охридскиот маратон и овојпат го стави Охрид високо на светската мапа на пливачки маратонски активности и случувања. Ова е голем ден за Охрид и за целата држава!,, – напиша директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.
И оваа година, и во машка и во женска конкуренција на маратонот учествуваат познати светски пливачки имиња, како што се Марк-Антоан Оливје од Франција и Французинката Осеан Касињол.

Facebook Коментари