Екипите на ЈП Комунално- Струга од секторот за одржување на јавна чистотa и јавно градско зеленило денеска спроведоа акција во населбата Плитишта.

-Акцијата се состоеше од косење на тротоари, чистење на ивичници , метење на улиците и утовар и транспорт на откосениот материјал и отпад. Исто така, продолжува и редовното одржување на зеленилото низ градот со косење и наводнување.-соопштуваат од претпријатието.
Strugaonline
Facebook Коментари