Триесеттина поети, гости на „Струшките вечери на поезијата“, вчера го посетија Вевчани и Вевчанските извори.
Во дворот на црквата „Свети Никола“ се одржа поетско матине на кое настапија десетина автори. Посебно внимание привлече поетот Летив Намдаг Јанчивин од Монголија, кој ја прочита антологиската песна од Блаже Конески „Ангелот од Света Софија“ на монголски јазик.
Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ синоќа 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал.
Јубилејното издание на најстарата поетска манифестација, се одржува под посебни протоколи за заштита на населението од ковид-19.
Strugaonline
Facebook Коментари