АМСМ: Прекин на патот Кичево – Охрид поради минирање

- Македонија
856

На патниот правец Кичево – Охрид на делот Пресека-Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање), на ден 03.04.2017 (понеделник) сообраќајот ке биде во прекин од 11-12 часот и од 13-15 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Извор: АМСМ

Facebook Коментари