Средношколците во Струга ќе учат онлајн во првите седум дена од учебната година

- Локални
644
Владата  го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн организирање на наставата за првите седум дена во Струга и Кичево само за средните училишта, заради ситуацијата со вирусот во овие општини, по што, откако ќе заврши овој период, ќе се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата.
На седница на Влада дополнет е и протоколот за бројот на децата по групи во градинките, со што се зголеми бројот на деца од 21 на 25 деца и тоа само во големите групи, а не и за групите со деца до две години.

Facebook Коментари