Објавен конкурсот за запишување ученици во средните училишта за учебната 2017/2018 година

- Македонија
1701

На конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година, ќе има вкупно 35.909 ученички места и тоа 25.127 на македонски наставен јазик, 9.830 на албански наставен јазик, 918 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2017 година. Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2017 година, а резултатите ќе се објават на 4 јули 2017 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2017 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2017 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2017година.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 31 август 2017 година.

Facebook Коментари