Натпреварот од второто коло Супер лига мажи помеѓу екипите на РК СТРУГА : РК Охрид 2013 ќе се одигра на ден 13.09.2021 год. со почеток во 18:00 часот во Спортската сала при СОУ”Нико Нестор” во Струга.-информираат од РК Струга.

Согласно мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, на затворено со 30% од капацитетот на просторот, од клуботг известуваат дека има ограничен број на карти во предпродажба по цена од 100 ден., истите можат да се купат на ден 09.09.2021 и 13.09.2021 од 10:00 до 12:00 во канцелариите на РК Струга.
На ден на натпревар, влез во сала е дозволен само доколку имате доказ дека поседувате сертификат за примена најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Facebook Коментари