Oд полноќ поскапуваат горивата

- Македонија
547

Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на еуродизелот за два денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од утре по полноќ, литар еуросупер 95 ќе чини 73,50 денари, еуросупер 98 ќе биде 75,50 денари, а дизел горивото ќе изнеусва 65 денари.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари и ќе чини 64,50 денари, додека на мазутот се зголемува за 1,351 денар и ќе изнесува 41,131 денари за килограм.

Facebook Коментари