Струга е дел од хуманитарната акција „Нахрани 10.000“

Во девет градови во земјава утре ќе се одржи хуманитарната акција „Нахрани 10.000“, во организација на невладината организација „Ајде Македонија“.
Можност за хуманост во рамки на оваа акција имаат и граѓаните на Струга кои ќе можат да донираат храна во маркет ,,Миса“.
– Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа , бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук, велат од „Ајде Македонија“.
Strugaonline

