Мурал посветен на дејноста на Владо Малески насликан на јужната фасада на Центарот за култура во Струга

- Локални
1089
 Mурал посветен кон дејноста на истакнатиот писател и општествено- политички работник Владо Малески (1919-1984) oсамна утрово  на дел од јужната фасада на Центарот за култура во Струга.
,,Симболиката на „струшкиот вез“ асоцирајќи на неговиот „Разбој“ и „Денес над Македонија“ се главните носачи кон естетизирање на идејата.,,- информира уметникот Горан Ристовски кој го наслика муралот.
,,Убаво чувството кога наутро  го гледаш ликот и ги читаш стиховите на нашата химна ,,Денес над Македонија се раѓа“ на нашиот великан стружанец, Владо Малески. Благодарност до уметникот Горан Ристовски кој несебично се вложи во овој проект, со што оставаме трајни вредности за сите нас.,, -вели директорката на струшкиот Центар за култура, Николина Велкоска.
Реализацијата на овој мурал е во рамки на проектот “Градиме култура, сликаме култура – мурали за 30 години независност” кој се реализира и во седум други градови.
Strugaonline

Facebook Коментари