Охрид и Струга до крајот на ноември ќе добијат 5G мрежа

- Локални
693

Македонски Телеком продолжува со модернизација на мобилната мрежа и замена на опремата со најнова технологија, што е подготовка за имплементација на мрежата на петтата генерација.

Планот е да се опфати целата територија на Македонија. Од август до сега успешно се реализираше модернизацијата во регионите: Штип, Кавадарци, Неготино, Градско, Велес, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Битола, а октомври и ноември ќе се продолжи во Ресен, Охрид и Струга.

Со досегашните активности една третина од мрежата на Телеком е подготвена за 5G, а според планот во втората половина на 2022 година со 5G сигнал ќе може да се опфатат две третини од населението, вклучително и градот Скопје.

Со модернизацијата, освен што ќе се создадат услови за воведување на најновите технологии значително ќе се зголеми капацитетот на мрежата и ќе се подобри корисничкото искуство.

Извор: ОхридПрес 

Facebook Коментари