Усвоен Планот за забрзан економски раст , владата најави 156.000 нови работни места

- Македонија
496

Владата на Република Северна Македонија на  115-та седница го разгледа и прифати Планот за забрзан економски раст за период 2022 – 2026 година, кој покрај традиционалниот нуди иновативен пристап до капитал за финансирање за забрзување на економскиот раст, пристап кој успешно функционира во Европската Унија.

Предвидено е, покрај планираните јавни инвестиции во износ од четири милијарди евра за периодот 2022-2026 година, финансирани од буџетот, со ИПА фондовите и со меѓународните финансиски институции, да се мобилизираат повеќе средства и инвестиции од страна на приватниот сектор.

,,Планот за забрзан економски раст ќе поддржи инвестициски проекти во јавниот и приватниот сектор, кои ќе бидат концентрирани во повеќе приоритетни области како зелена економија, дигитализација, иновациите и технолошкиот развој, развојот на физичката инфраструктура и човечки капитал, во износ од 12 милијарди евра и обезбедени нови 156.000 работни места.“ – информираат од Владата.

Strugaonline

 

Facebook Коментари