Денеска ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Претпладне вдолж Повардарието ќе има значителна ниска облачност, која попладне ќе се намали. Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 24 степени.
Утре ќе биде претежно облачно и релативно топло. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 25 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари