РКЕ одлучи, од полноќ поевтинуваат горивата

- Македонија
754

Регулаторната комисија за енергетика  (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на Одлуката од 1.11.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,445 ден/кг.

Од 9.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50  (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 67,50  (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС –  41,445  (денари/килограм)

Facebook Коментари