Лев банер Десен банер

Се одржа комеморативна седница во чест на Стојан Ковачески

Денес со почеток во 11:00 часот, се одржа комеморативна седница во чест на Примариус Д-р Стојан Ковачески.
Во присуство на членовите на најблиското семејство, неговите колеги, пријатели, беа искажани прекрасни зборови, убави сеќавања од секојдневието.
Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко, изразува сочувство до семејството и најблиските.
 Примариус Д-р Стојан Ковачески почина на 80 годиншна возраст. Роден е 1941 година во Струга. Завршил Медицински факултет, специјалист по интерна медицина. Работел како лекар Специјалист-интерниот, оснивач и директор на Заводот за нефрологија во Струга. Беше пратеник во Собранието на РМ во три мандати од 1990 до 1994, од 1994 до 1998 и од 1998 до 2002 година.

error: